четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во Австралија се сруши авион: Има мртви, децатс гледаа cè! Ова е моментот кога паднал во вода (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лесен авион се урна во близина на островот Ротнест во близина на градот Перт во западна Австралија, при што загинаа двајца туристи од Швајцарија и Данска и пилотот, соопштија властите.Авионот превезувал шест туристи кога се урнал во вторникот попладне кај островот Ротнест, популарна туристичка дестинација на околу 30 километри западно од Перт. Тројца преживеани туристи се повредени.

– Моите мисли се насочени кон семејствата и пријателите на жртвите. Ова е без сомнение многу тешко за сите вклучени – рече премиерот на државата Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција.

Несреќата се случила пред очите на туристите, вклучително и семејства со деца на островот, додаде Кук.

Поврзани вести