Во Белград приведен Љупчо Палевски-Палчо

По потерница од Хрватска, вчера во Белград во момент кога сакал да се качи во авион за Москва, е притворен скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо. Тој е приведен вчера околу 19.00 часот и во моментов е во екстрадиционен притвор. Палевски има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе “бомби“.
Информацијата за “360 степени“ ја потврди неговиот адвокат Васко Стојков, кој вели дека во моментот на приведувањето Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде според него, требало да склучи бизнис зделка.
Стојков  изјавил дека Палевски своевремено живеел и работел во Хрватска и оти хрватските власти го бараат Палевски за долг на негова фирма од 2,5 илјади евра. Според адвокатот, Палевски никогаш не примил покана на адресата во Македонија за да се појави пред хрватските правосудни органи.
– Уште почудно е што според информациите со кои располагам, потерницата датира од 2015 година. Палевски во изминатите години непречено патуваше во многу држави, вели Стојков.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.