Шестгодишно девојче вчера починало во Клиничката болница Битола, потврди директорот на болницата, Александар Обедниковски. Тој рече дека девојчето примало инфузија бидејќи се подготвувале да го носат во Скопје, но и се влошила состојбата и неуспешно се обиделе да ја реанимираат.
Детето е донесено вчера околу 10 часот наутро, дехидрирано, со оток и температура, а дома повратило неколку пати. По четири часа, се правеле и анализи, но на девојчето му се влошила состојбата и направена е реанимација која не била успешна.
Според него, родителите го донеле девојчето во болница дехидрирано, а додека се чекале резултатите од анализите, одлучиле да ја стават на инфузија.
По неуспешната реанимација, телото е предадено на обдукција, а Обедниковски веднаш го известил и обвинителството, од каде велат се чекаат резултатите од обдукцијата за да се утврди од што починало девојчето.
„Преземени се сите мерки за обезбедување на комплетната медицинска документација. Се чекаат и резултатите од обдукцијата за да се утврди од што починало девојчето. Во моментов не можеме да дадеме повеќе информации, додека не заврши обдукцијата и не се спроведат сите потребни мерки.“ – ОЈО.
Според кажувањата на родителите, детето претходните два-три дена примало некаква терапија, но директорот Обедниковски вели дека тие како болница имаат пристап само до мерките што ги презеле специјалистите кај нив во болницата, а за сè друго ќе почекаат да заврши истрагата, која е во тек.
Таткото на шестгодишната Јана , Стојче Хирстовски, за дел од медиумите пак, вели дека таа не боледувала од никакви болести. Температурата претходно и ја спуштиле со сируп, а другиот ден почнала да се жали на малаксаност и болки во мускулите, а и отекле и капаците на очите. Првичните резултати, според него покажале дека има покачен шеќер во крвта, кој се зголемил по давањето инфузија во Клиничката болница.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.