Во Брисел денеска почна трилатерална средба на делегациите на Белград, Европската Унија и Приштина. Делегацијата на Белград вклучува бројни експерти и ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ, делегацијата на ЕУ ја предводи специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, а делегацијата од Приштина ја предводи Бесник Бислими.Состанокот започна околу 12:30 часот и повторно главна тема ќе биде одлуката на Централна банка на Косово за забрана на користење на динари во Косово, како и формирањето на ЗСО.Тоа е шеста рунда од дијалогот – претходната средба на ниво на главни преговарачи се одржа на 18 април во Брисел.
Пронајдете не на следниве мрежи: