Во Бугарија се урна мал авион, двајца загинати

По “Цесната“ која пред 20 дена се урна на Солунска Глава, при што загинаа сите четворица патници, цело бугарско семејство, се урна уште еден мал бугарски авион од типот “Зодијак“.
Авионот се урнал во Бугарија при што загинале пилотот и единствениот патник во авионот, објавија бугарските медиуми. Според полицијата во Пловдив, авионот бил на промотивна тура. За време на летот едното крило се одвоило, по што авионот се урнал во близина на стадионот во село Оризаре, на кој се одржувал фудбалски натпревар. Нема информации за повредени меѓу луѓето на стадионот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.