Во Бутел вечерва пукање и убиство

МВР потврди дека на улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“ во населбата Бутел 2, се случило убиство.

Попрецизно на паркинг кај булеварите Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски Карпош, од автомобил во движење било пукано кон возило „голф“ во кое биле двајца мажи.

Според неофицијални информации, едно од убиените лица е со иницијали К.И.

Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.