Во вторник делумно помрачување на Месечината, како делува на луѓето?

Кога Месечината на небото е со полн сјај, тогаш највеќе влијае на психичката состојба – тогаш можат да почувствуваат зголемена емотивност, нервна напнатост, неконтролирани реакции, склоност кон депресија, меланхолично расположение или претерана агресивност. Луѓето тешко ги контролираат чувствата, емотивните реакции се прејаки, ранливи се, лесно можат да се вознемират и бурно да реагираат и за најмала ситница. Месечината влијае врз течностите во телото на жената, менструалниот циклус, бременоста, раѓањето на деца, менопауза и психичка смрт. За време на полна Месечина забележан е и зголемен број на породувања во здравствените установи.
Тоа е период кога доаѓа до општо опаѓање на способноста за донесување одлуки и поголема е веројатноста дека луѓето ќе донесат погрешни одлуки, затоа што интелектот е под влијание на негативните енергии. Затемнувањето на месечината ќе донесе ненадејни издигнувања и падови во расположението, како и удари на свеста. Промените за кои станува збор ќе влијаат претежно на личните односи: љубовта, семејството, пријателствата.
Во вторник на 16 јули ќе се случи делумно помрачување на Месечината и тоа ќе биде последното лунарно помрачување во оваа година.
Помрачувањето ќе биде видливо за жителите на Австралија, Африка, Јужна Америка, како и во делови од Европа, а истото ќе ја заобиколи Северна Америка. Тоа значи дека ќе биде видливо само за најјужните делови на континентот.
Помрачувањето сепак ќе биде тешко видливо, затоа што висината на Месечината над хоризонтот, нема да биде поголема од една педа испружена рака.
Помрачувањето ќе започне во 22:01, а Месечината најмногу ќе биде прекриена со сенката на Земјата и тоа 65 отсто пречник во 23:31, а од неа ќе излезе во среда на 17 јули, еден час по полноќ.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.