недела, 29 ноември 2026
Најново

Во вторник ЈСП со изменет режим на сообраќање, некои линии воопшто нема да бидат во функција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во вторник за време на Апостолската посета на папата Франциск од 7 до 16 часот  ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција, а превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.
Од Јавното претпријатие информираат дека поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, како и дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.
Детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот може да се види на веб страната на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk.

Поврзани вести