четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во голем дел од тетовско утре ќе нема струја, некаде и со часови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе населени места во Тетово и околината ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на дистрибутивната мрежа, соопшти „Електродистрибуција“.

Во селото Желино, дел од објектите кои се наоѓаат над училиштето ќе бидат без струја од 09:00 до 14:00 часот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во Лавце и Селце ќе има прекин на струјата за целите села, од 09:00 до 15:30 часот.Прекин на електрична енергија ќе има и кај репетиторите Космофон, Кале и ХПП Пена, во исто време – од 09:00 до 15:30.Во Доброште струјата ќе биде исклучена од 09:00 до 12:00 часот, а во Палатица и Сиричино од 09:00 до 14:30 часот. Во Сиричино, прекинот се однесува само на дел од селото.Во Голема Речица, електрична енергија ќе нема во периодот од 12:00 до 13:00 часот, при што ќе биде зафатено и основното училиште „Прпарими“.Надлежните апелираат граѓаните да ги планираат своите обврски соодветно и да имаат разбирање заради подобрување на квалитетот на електроснабдувањето.

Поврзани вести