Во Гостивар зголемен бројот на питачи за Рамазан, надлежните се координираат за акции






Како вообичаено и годинава за време кога за муслиманските верници трае месецот Рамазан, на улиците во Гостивар забележливо е зголеменото присуство на питачи. Најчесто се среќаваат во централното градско подрачје со поголема фреквенција на луѓе во текот на целиот ден. Освен возрасни, видливо е дека има многу мајки со бебиња и мали деца. Повеќето од нив се дојдени од други места во земјава со намера да собираат пари, знаејќи дека Рамазан се смета за месец кога муслиманите треба да помагаат на сиромашните и да покажат солидарност и хуманост.

При денешната посета на Гостивар, министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски во одговор на новинарско прашање за овој проблем рече дека испратиле допис до МВР за потребата од формирање на заеднички тимови кои ќе делуваат на терен.
„Заедничките тимови за акции со Министерството за внатрешни работи беа некоја пракса, но години наназад за жал се изгуби. Во Скопје е алармантно, еве и во Гостивар.  Ние веќе пративме дописи до МВР да ни посочат лица одговорни од кај нив, асистенцијата од нив е поради детектирање на семејствата и слично, мора да бидеме во координација. За жал тргната е праксата да се интервенира на тој начин, кој сметам дека е хуман бидејќи дечињата најмалку заслужуваат по било кој основ да бидат на улица и да бидат надвор од системот на детска и образован заштита. Се надевам дека ќе профункционира, бидејќи сега се стоплува и времето и се зголемува бројот на лица и деца на улица.“, кажа Велковски.

Питачењето како општествено девијантна и асоцијална појава е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и за ваков вид прекршок е предвидена парична глоба од 15 до 50 евра. Родителите, пак, или други лица кои непосредно ќе инволвираат деца во питачење или на било каков друг начин ќе ги запуштат, ќе се соочат со кривична одговорност и со затворска казна од најмалку четири години.
Освен за Рамазан, Гостивар е привлечен за питачите и преку летото кога печалбарите престојуваат во родниот крај.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: