Во Делчево одржана првата крводарителска акција за 2023 година

– Во организација на Општинската организација на Црвен крст, вчера во Делчево се одржа првата крводарителска акција за 2023 година. Во акцијата, како што информираа организаторите, беа собрани 63 крвни единици.

– Како за прва крводарителска акција може да кажеме дека истата беше успешна. За одбележување е што имавме голем број крводарители, од кои на наша радост дел беа и припаднички на понежниот пол, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Апелираа во Новата година младите поактивно да се вклучат во крводарителските акции.

– Иако и во 2022 година ги имавме во доволен број, сепак очекуваме во Новата година тие да бидат уште побројни. Воедно да напоменеме дека во текот на оваа година покрај редовните акции планирани се и крводарителски акции со ОВР Делчево и Регионалниот центар за гранични работи Исток, додадоа од Црвен крст Делчево.

Минатата 2022 година Општинската организација ја заврши со целосно реализиран план за крводарување. 


Пронајдете не на следниве мрежи: