Во експлозија на верска процесија во Мексико загинаа најмалку осум лица

Во експлозијата на ракета за огномет пред самиот влез во црквата во место на 145 километри од главниот град на Мексико загинаа најмалку осум, а повредени се педесетина лица. Експлозијата се случила рано в зори пред црквата во местото Текискипан во државата Кверетаро , каде жителите традиционално организираат процесија.
,,Нешто се расипа и експлодира” , изјавил шефот на итната служба , додавајќи дека меѓу загинатите има и две момчиња на возраст од 11 и 12 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.