Во жестоко наддавање, фустан на принцезата Дајана продаден за над 600.000 долари

Виолетовиот фустан што го носеше принцезата Дајана е продаден за 604.800 долари по „жестоко наддавање“, објави аукциската куќа Сотби на Твитер.

– Фустан на принцезата Дијана на дизајнерот Виктор Еделштајн достигна цена од 604.000 долари, скоро 500.000 долари над проценката – по повеќе круга жестоко наддавање во аукциската соба, беше објавено на Твитер.
Сотби нагласи дека фустанот „ја запечатил неговата судбина како највредниот фустан некогаш продаден на аукција“.

Проценет во Сотби помеѓу 80.000 и 120.000 долари, тој беше дел од колекцијата од 80 фустани на принцезата Дајана кои беа продадени на аукција во 1997 година за добротворни цели.
Принцезата Дајана го носеше фустанот додека позираше за официјален кралски портрет во 1991 година, како и за интервју за „Venity Fair“ во 1997 година, непосредно пред нејзината смрт.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.