(ВО ЖИВО) Во вселената е лансирана најмоќната ракета, трет обид на Илон Маск

Компанијата „Спејс икс“ ја лансираше најмоќната вселенска ракета „Старшип“ (Starship) од космодромот во Тексас. Ова е трето лансирање на ракетата „Старшип“.

Големи надежи се полагаа во оваа мисија откако претходните два обида беа прекинати.

Лансирањето на најмоќната ракета на светот е клучно за плановите на НАСА да транспортира и да приземји астронаути на Месечината и подалеку, како и да ги исполни надежите на сопственикот на „Спејс икс“ Илон Маск за евентуална колонизација на Марс.

Според „Спејс икс“, овие летови сѐ уште се пробни и секогаш кога леталото ќе полета, тоа за нив е успех.

Пронајдете не на следниве мрежи: