четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Во живо) Тошковски: Починатата жена дента разговарала со полиција, истата не побарала полициска интервенција – Има 10 кривични пријави против насилникот!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на вонредна прес-конференција објави нови детали по вчерашната трагедија во која загинаа мајка и дете во Карпош.

– На 02.03.2026 околу 14 часот е пријавено од страна на случаен минувач дека мајка и девојче скокнале од зграда. МВР веднаш излегло на терен. Настаните имале претходница.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На истиот ден во 12.05 имало пријава, бил извршен разговор со Ивана, но таа изјавила дека се работело за недоразбирање и дека не бара полициска интервенција. Таа навела дека брачните односи ги решава во бракоразведна постапка. Составена е белешка и сега починатата Ивана го потпишала. Сите овие околности детално се документираат и ќе бидат предмет на понатамошна анализа. Лицето Стојанче Јовановски е лишено од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пројава.

Во изминатите години од страна на СВР Скопје се поднесени 10 кривични пријави за дела од насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога против истото лице, објави Тошковски.

Поврзани вести