Во знак на спомен и непребол Град Скопје ја одбележува годишнината од земјотресот

Во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата на фрескокопии од Скопскиот регион.
Денес Град Скопје организира концерт во Градскиот парк за одбележување на годишнината од земјотресот на 26 јули 1963.
Во 19 часот и 30 минути, на Школка ќе започне концертот на Градскиот мешан хор „Вардар“. Потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и нашиот Влатко Стефановски. Дополнително, градските институции секоја година се вклучуваат во одбележувањето на 26 јули. Така, МКЦ го подготвува настанот „МКЦ за Скопје“со целодневна програма. Покрај двете креативни работилници за деца коишто ќе започнат во 18:30 часот за креативно пишување, илустрација и цртање и богатата музичка програма. Посетителите точно на полноќ ќе имаат можност да ја погледнат и проекцијата на најновото остварување на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.