Во ИЕ 5 коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ на 8 мај имала 26 904 гласа, а сега, со денешното прегласување, има 26 668 или 236 гласа помалку, коалицјата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ имала 73 916 гласови на 8 мај, а сега има 74 287 или 371 глас повеќе, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ имала 27 013, а сега 27 278 или 265 повеќе, Левица имала 9 926, а сега 9 850 или 76 помалку, „Вреди“ имале 11 067, а сега 10 793 или 274 гласа помалку, движењето ЗНАМ имало 8 757, а сега 8 671 или 86 гласови помалку.
Единствена Македонија, Родина Македонија, Демократи и Аваја со прегласувањето имаат еден глас помалку, Работничка партија има два гласа помалку., Македонска ера трета три гласа помалку, а кај коалицијата „Храбро за Македонија“ нема промени.
Според резултатите од 8 мај ВМРО-ДПМНЕ имапе 10 мандати во ИЕ 5, Европски фронт 4, СДСМ три и по еден имаат Левица, Вреди и ЗНАМ. По прегласувањето нема промени во распределбата на мандатите.