четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во изминатото деноноќие во повеќе сообраќајки настрада и едногодишно дете!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 31.12.2018. година околу 13:00 часот во Тетово на улица „Никола Тесла“, Ф.В.(31) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со тетовски регистарски таблички удрил во пешакот А.А. од Тетово. Пешакот се здобила со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово е пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
На 31.12.2018. година во 11:10 часот во Скопје на крстосницата на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и улица „Борис Кидрич“, Г.Р.(52) од Скопје управувајќи автобус со скопски регистарски таблички удрил во пешакот Л.К.(64) од Скопје. Во незгодата пешакот се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.
На 31.12.2018. година околу 20:00 часот во Скопје на улица „Македонска Косовска Бригада“ С.С.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“ со скопски регистарски таблички удрил во пешаците В.С.(27), едногодишно дете од Скопје и 6-годишно дете од Косово. На повредените медицинска помош им е укажана во Комплексот клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести