четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во Индија измерени 47,3 степени Целзиусови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Северна Индија е погодена од екстремен топлотен бран со температури значително над вообичаените за сезоната, што го нарушува секојдневниот живот на луѓето.

Жегата предизвикува сериозни здравствени ризици. Во пустинскиот град Шри Ганганагар во северозападната држава Раџастан вчера беа измерени 47,3 степени Целзиусови, соопшти Индиската метеоролошка служба. Највисоката температура забележана во земјата останува 51 степен, измерена во мај 2016 година во градот Фалоди, исто така во Раџастан.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Екстремните горештини ги истакнуваат предизвиците пред преоптоварениот здравствен систем во Индија. Долготрајното изложување на високи температури предизвикува топлотни удари, особено кај ранливите групи, како луѓето со ниски примања, работниците на отворено, децата и постарите лица. Минатата година, долготрајните топлотни бранови одзеде над 100 животи и предизвика повеќе од 40.000 случаи на топлотен удар.

Вчера во Делхи беше регистриран првиот топлотен бран за сезоната, со температури над 45 степени во делови од градот, а високата влажност дополнително го засилуваше чувството на жега.

Поврзани вести