четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во мај трошоците за живот на четиричлено семејство во Истанбул достигнале 91.722 турски лири (речиси 2.500 евра), што е зголемување од 49,09 проценти во споредба со истиот месец лани, покажува истражување на Агенцијата за планирање на Истанбул (İPA), објавено од порталот Туркиш Минит.

Минатата година, во мај 2024, истите трошоци биле 61.523 турски лири (околу 1.600 евра). Според истражувањето, за покривање на овие трошоци потребни се повеќе од четири минимални плати. Во моментов, минималната плата во Турција изнесува 22.104 турски лири (приближно 596 евра).

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

И покрај растот на трошоците за живот, официјалната статистика покажува различни податоци за инфлацијата. Турскиот завод за статистика (ТУРКСТАТ) објави дека годишната инфлација во мај достигнала 35,4 проценти – најниска стапка од ноември 2021 година. Од друга страна, според проценките на Групата на независни економисти (ENAG), инфлацијата во истиот период била дури 71,2 проценти.

Поврзани вести