Обид за убиство на Раде Трајковски Штекли?
Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли. Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден.
Тој бил во блиндирано возило.
Во мометот во Ист гејт мол полицијата врши увид.
Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и се истражува без да посочи други детали.
Раде Трајковски – Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.