Цвеќарниците во Италија може да отворат и да ги продаваат своите производи, јави телевизијата Раи Њуз 24.
Малопродажба на семиња, цвеќиња и растенија е дозволена низ целата земја, освен ако не е забрането од локалните власти, изјавила министерка за земјоделство Тереза Беланова.
–Оваа криза нè лишува од можноста да комуницираме со нашите пријатели и семејство, да работиме и да заработуваме. Ставањето растенија во нашите домови, балкони и градини може малку да ги украси нашите животи, а е и поддршка за секторот кој е на работ на банкрот, рече Беланова.
Таа додаде дека во секторот работат 100.000 луѓе, на кои поголемиот дел од приходите им се во пролетниот период.
Во Италија дозволена продажба на цвеќиња, растенија и семе




