Крива Паланка: субвенции за набавка на количка за новороденче

Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка воведе поддршка на младите родители преку стимулативни мерки и еднократен надомест за секое новороденче, како и за набавка на количка за новороденче.

-Со одлука на Советот на Општина Крива Паланка од минатата година се исплаќаат по 3000 денари на секое семејство со новороденче, а мерката продолжи да важи и оваа година и ќе се доделуваат средства за бебиња родени од 1 јануари 2023 година чии родители се со адреса на живеење на територијата на општината. Дополнително, како позитивен поттик и стимулација за наталитетот, како и олеснување на финансиските трошоци за новороденчето, од оваа година воведен е и еднократен надомест за набавка на количка за новороденче до 3000 денари, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Потребните документи за аплицирање се наведени во барањата за доделување еднократна парична помош зжи за новороденче и за набавка на количка достапни на веб страницата на општината, заедно со информациите за потребните документи, а може да се подигне и од архивата на Општина Крива Паланка

Пронајдете не на следниве мрежи: