четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во Кривичен продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На минатото рочиште беше сослушан сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа, прибавувајќи видео снимки.

Трајковски беше последен сведок на предлог на Обвинителството. Тој требаше да сведочи на почетокот од постапката, кога беа сослушани и другите сведоци, меѓутоа, поради здравствени причини тоа не се случи, а потоа не беше достапен на органите на прогон поради друго кривично дело. На 23 јануари 2025 година се предаде на полицијата и оттогаш е во притвор.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претходно, Обвинителството презентираше видео материјали на кои беше воочено движењето на возилата со кои била грабната Вања.

За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски кои се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Поврзани вести