Во Маврово еден метар снег

Без снег, со сончеви периоди и температури од -4 до 4 степени, најавува за денешниот ден Управата за хидрометеоролошки работи.
Снеготот што во изминатите денови интензивно паѓаше, во Маврово формира покривка од 95 см, на Попова Шапка 50, во Крушево 44, а во Скопје 12 сантиметри.


Најстудено изутринава е во Скопје, Крива Паланка, Крушево и Маврово со минус осум степени.
Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од -5 до -15 степени. Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.