Во Македонија денес сончево и ветровито

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Утринската температура се движи од – 1 до 3, а дневната ќе достигне од 8 до 19 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Утринската температура достигна до 1, а највисоката дневна ќе достигне до 11 степени.
До утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под 0, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.