четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во Македонија има 705.165 вработени и 91.765 невработени лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на невработени лица во третото тримесечје од 2025 година е зголемен за 0.4 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година, а е намален за 6.7 % во споредба со истото тримесечје од минатата година.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62.4 %, а жени 37.6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0.5 %. Од вкупниот број вработени, 57.8 % се мажи, а 42.2 % се жени.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 100 619, што е за 2.5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 48.8 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.7 % во секторот Градежништво.

  • Активно население: 796 930 лица
  • Вработени: 705 165 лица
  • Невработени: 91 765 лица
  • Стапка на активност: 52.5
  • Стапка на вработеност: 46.5
  • Стапка на невработеност: 11.5