четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во Македонија работниот век на работниците е 32 години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според податоците од анализите направени од “Еуростат“ просечниот работен век во Македонија изнесува 32 години. Индикаторот за должината на работниот век, според “Еуростат“, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот.
Сличен работен век имаат и земјите од нашето соседство, односно во Грција, Бугарија и Романија тој изнесува 33 години. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.
Во земјите членки на Европската Унија просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија до 42 во Шведска.

 

Поврзани вести