Во македонски камион откриени мигранти скриени во кафези за вилушкари

Српските цариници на граничниот премин Хоргош на границата со Унгарија откриле мигранти во македонски камион кој превезувал безбедносни кафези, информираше Царинската управа на Србија.
Цариниците на снимките од скенерот забележале човечки силуети во металните кафези за работни машини-вилушкари, багери, кранови и слично, кои од Македонија требало да бидат транспорирни за Белгија.
Овие кафези се наменети за луѓе што работат на овие машини и имаат страничен отвор за да влезе работникот, така што мигрантите го искористија токму тоа. Кафезите имале заштитна обвивка и било јасно дека некој им помогнал да влезат во овој карго, без разлика дали станува збор за други мигранти или шверцери на луѓе.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.