Во напад на ИД во Кабул, шестмина загинати

Најмалку шест луѓе загинаа и 23 беа повредени по повеќекратни експлозии денес во близина на шиитски храм во Кабул, соопштија авганистански официјални претставници. Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот. Меѓу повредените во експлозиите се и две деца, изјви директорот на Службата за итни случаи, Мухамад Асим.
Иако имаше контрадикторни извештаи за причината за експлозиите во близина на светилиштето Шахит Карти Шиите и гробиштата во западен Кабул, населба која во голем дел е населена со шиитски муслимани, портаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими изјави дека првичната истрага укажува дека три експлозивни направи биле детонирани од далечина кои експлодирале во време кога луѓето се собирале да го одбележат празникот Норуз.
Сепак, авганистанското Министерство за одбрана на Твитер соопшти дека три ракети биле испукани кон цивилни домови и кон собирите за празникот. Од таму додаваат дека безбедносните сили ги уапсиле напаѓачите и ја обезбедиле областа.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.