УХМР информира дека во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.
Од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни.
Во Македонија денеска преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, претежно во западните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.