Во Нигерија убиени 14 исламисти

Нигериските војници убиле во неделата 14 исламистички бунтовници, соопшти армијата, напомнувајќи дека акцијата била спроведена во мугрите во градот Кано.Во акцијата загинал и еден војни, а друг е тешко ранет. Притоа во операцијата било уапсено лице кое е осомничено дека е бомбаш самоубиец бидејќи бил откриен во автомобил полн со експлозив.„Операцијата е изведена на основа на информација од разузнавачите. Како што можете да видите, убиени се повеќе од десет терористи“ изјавил за репортерот на Reuters, офицерот Илијаси Абах.Исламистичката секта Боко Харам сака до Нигерија да создаде исламска држава во којашто ќе владее шеријатот. Таа се смета за најопасната којашто презема одговорност за повеќе напади врз безбедносните сили, западни цели и христијаните во земјата.Ваквите состојби се главната закана стабилноста на Нигерија која е најголемиот африкански производител на нафта, но сѐ повеќе ги загрозува и соседните земји како што е Камерун.Групата Боко Харам на почетокот од март токму во Кано изведе терористички напад во кој беа убиени 25 лица.За нападите врз христијаните во Нигерија, исто така, одговорноста ја презема радикалната исламистичка група Боко Харам, основана во 2002 година која бара воведување на шеријатот (исламскиот закон) во Нигерија и искоренување на западниот секуларен модел на образование. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и против седиштето на Обединетите нацииН во главниот град Абуџа. Боко Харам е обвинета за убиствата на повеќе од илјада луѓе во терористичките напади коишто ги интензивираше од 2009 година.Нигерија е составена од вкупно 36 држави и има население од околу 160 милиони, кои речиси по половина се христијани на југот и муслимани на северот, но милиони од нив живеат и на север и на југ.Според Меѓународната кризна група чие седиште е во Брисел, во етничките и верските конфликти во Нигерија во периодот меѓу 1999 и 2009 година загинале повеќе до 14 илјади луѓе.
Претседателот Гудлaк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен дел на земјата населен претежно со христијани. Според податоците од државната изборна комисија тој доби 57 отсто од гласовите и на тој начин ја задржа претседателската функција уште по првиот круг од изборите. Неговиот тогашен главен противкандидат Бухари, кој потекнува од северниот муслимански дел на Нигерија освои 31 отсто од гласовите.Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија во земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron”, „Shel” и други нафтени компании.Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица.
МакфаксНигериските војници убиле во неделата 14 исламистички бунтовници, соопшти армијата, напомнувајќи дека акцијата била сп

Пронајдете не на следниве мрежи: