Во подгорица уапсен Ду Квон кралот на криптовалутите: Украде 40 милијарди долари минатата година и ја сруши криптоберзата

До Квон, човек познат на пошироката јавност како крал на криптовалутите, е уапсен на аеродромот во Подгорица, објави министерот за полиција на земјата, Филип Аџиќ.

Квон е јужнокорејски државјанин кој е обвинет за крипто измама која чинела околу 200.000 луѓе 40 милијарди долари и е под црвена потерница на Интерпол. На крајот на минатата година меѓународната заедница се сомневаше дека тој се крие во Србија, поради што јужнокорејските власти побараа соработка од српските колеги, но Квон на крајот беше уапсен во Црна Гора.

Како што соопшти црногорскиот министер за полиција, во Подгорица е уапсен еден од најбараните бегалци во светот – До Квон.

„Црногорската полиција приведе лице осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на Terraform Labs со седиште во Сингапур. Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од повеќе од 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а него го бараат и Јужна Кореја, САД и Сингапур“, напиша Аџиќ.

Тој сега најверојатно ќе биде екстрадиран во државата чиј државјанин е, а за ова црногорската полиција ќе ја информира јавноста во наредните денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.