Во подрумот на кинески политичар нашле злато кое може и Грција да ја спаси од криза – му се заканува смртна казна

Кинескиот политичар, 58-годишниот Џанг Чи ќе мора да даде добро објаснување за потеклото на златото кое е пронајдено во подрумот на неговата куќа.
Џанг Чи, членот на покраинскиот и општински одбор на странки, наводно подлегнал на дисциплинско испитување и се наоѓа под истрага поради можни незаконитости кога биле откриени огромни залихи на злато.
Властите пронашле околу 13,5 тони злато, како и милиони јуани во готовина и антиквитети, како и огромно портфолио со луксузни недвижнини.
На снимката може да се видат истражувачите како редат илјадници златни кругови, од кои некои не можат ниту да стојат на полицата.

Се проценува дека златото вреди околу 600 милиони долари, а пронајдени се повеќе од милијарда долари на неговата сметка во банка. Сетоа тоа го примал како мито. Тоа го прави побогат од Џек Ма, најбогатиот Кинез кој тежи 37 милијарди долари.
Експертите проценуваат дека содржината од неговиот подрум може да ја спаси Грција од финансиска криза која во сиромаштија довела многу луѓе.
Како овој политичар уапеал да го собере ова богатство во комунистичка Кина ќе остане мистерија за сите, освен за кинеското правосудство.
Политичарите осудени за „еконосмки злосторства“ или корупција во Кина може да се соочат и со смртна казна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.