Во понеделник ново поскапување на горивата

Пред скоро две недели Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на бензините, со што цените се зголемија за 2 денари. Во споредба со цените од минатата година, со последното поскапување бензините „скокнаа“ за 11 денари.
Со последната промена на цените на Први мај малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,317 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 30,037 ден/кг.
Ново поскапување на нафтените деривати најавуваат движењата на цените на светските берзи.
Во моментов барел нафта се продава за 74,5 долари што е над нивото кое како средна цена Регулторната комисија за енергетика го постави при регулирањето на малопродажните цени, минатиот понеделник. Таквиот развој на настаните гарантира повисока малопродажна цена за горивата во Македонија од понеделник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.