Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека во понеделник, 27 јули, во утринските часови ќе се одржи штрајк на царинските службеници на неколку гранични премини во Грција, поради што ќе има ограничувања во сообраќајот.
Според информациите што МВР ги добило од надлежните органи на Република Грција, штрајкот ќе се одвива на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).
Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.
Од МВР информираат дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки и дека во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети за олеснување на сообраќајот и информирање на граѓаните.
The post Во понеделник четиричасовен штрајк на грчките цариници, ограничен сообраќај на Евзони, Дојран и Меџитлија appeared first on Во Центар.



