Во поплавите во Иран најмалку 45 загинати и илјадници евакуирани

Повеќе од 25.000 домови се уништени во поплавите во Иран, предизвикани од најголемите дождови кои се регистрирани во изминатата деценија објави иранска хуманитарна организација. Најмалку 45 лица загинале од 19 март во поплавите што го зафатија северен, централен и јужен Иран, кои се проширија и во западните и југозападни делови на земјата во последниве денови, се официјалните бројки.
Заради предвидувањата на метеоролозите за повеќе обилни дождови и во следните два дена, илјадници луѓе од голем број села и градови низ целата земја се евакуирани. Агенциите јавуваат дека повеќе од 25.000 домови се уништени, а 60.000 се оштетени во поплавите. Иранската метеоролошка организација ги повика граѓаните да се воздржат од патување во областите погодени од поплави и предупредија на можноста за поплавување во 11 провинции, вклучително и на северозапад. Во напорите за спасување учествуваат Исламската револуционерна служба (ИРГЦ) и армијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.