четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во последната недела пријавени 28 нови случаи на голема кашлица, четири деца се хоспитализирани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најголем број од новите случаи на голема кашлица, според извештајот на ИЈЗ, се во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Куманово и во Струга. Заболените се на возраст од еден месец до 47 години, а најголем број на случаи се деца на возраст до четири години

Во последните седум дена, односно од 16 до 22 февруари, во земјава се пријавени 28 нови случаи на голема кашлица, што е зголемување за 71,8 отсто во однос на претходната недела, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај. Четири од новозаразените лица се хоспитализирани. Се работи за три деца на возраст од под една година и едно од возрасната група од една до четири години.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Vakcinacija-deca
Аплицирање на вакцина / Фото: илустративна фотографија

Најголем број од новите случаи на голема кашлица, според извештајот на ИЈЗ, се во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Куманово и во Струга. Заболените лица се на возраст од еден месец до 47 години, а најголем број на случаи се деца на возраст до четири години и од 10 до 14 години.

Од почетокот на годината пријавени се вкупно 67 случаи на голема кашлица, а од нив 61 не биле вакцинирани, не биле комплетно вакцинирани според возраста или од последната доза. Кај комплетно вакцинираните, пак, во просек поминале повеќе од 11 години од последната примена доза или немале доказ за вакцинација.

Дваесет и пет од вкупниот број на заболени се хоспитализирани, а од нив 20 се деца до четири години.

– Реклама –

Поврзани вести