Во престрелка во Цетиње загинаа 11 лица, убиен е напаѓачот, а меѓу жртвите има и две деца

Црногорската полиција уби маж кој по случаен избор со пиштол пукаше во случајни минувачи, нешто по 16 часот во центарот на Цетиње.

РТЦГ дознава дека на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во случајни минувачи на улицата. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во таа пресметка бил убиен.
Во болницата во Цетиње се хоспитализирани 4 ранети, а двајца повредени во Клиничкиот центар во Подгорица.
Во престрелка во Цетиње загинаа 11 лица, убиен е напаѓачот, а меѓу жртвите има и две деца

Во населбата Цетиње Медовина, во близина на Владата, загинаа 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврдија за Јавната служба од Управата на полицијата.

Обвинителката Андријана Настиќ за ТВ Вијести изјави дека се убиени две деца, а според првичните сомнежи напаѓачот бил убиен од сограѓанин, а не од полицијата, како што беше претходно објавено.

Напаѓачот е 34-годишниот В.Б., кој пукал и во деца.

Нападот се случил во населбата Медовина, во близина на зградата на Владата, недалеку од центарот на Цетиње. Во моментов на лице место се голем број граѓани, а во тек е увид.

Како што дознава РТЦГ, на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во случајни минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во таа пресметка бил убиен.

Според неофицијални информации, напаѓачот е 34-годишниот Вук Бориловиќ од Цетиње, кој пукал и во деца.

Во болницата во Цетиње се хоспитализирани 4 ранети, а двајца повредени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Од Ургентниот центар на КЦЦГ за ТВЦГ изјавија дека е примен маж со тешки повреди на главата и градниот кош. Тројца пациенти морале итно да бидат пренесени во операционата сала и повредите биле доста сериозни.

Исто така, од Ургентниот центар очекуваат да пристигне уште едно повредено лице од Цетиње.

Иван Ивановиќ, в.д директорот на болницата во Цетиње за ТВЦГ изјави дека две лица кои се хоспитализирани во таа установа се надвор од животна опасност, а еден пациент по лекување е пуштен на домашно лекување, пренесува РТЦГ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.