Германија се справува радикално со неофашистите

Германија се справува радикално со неофашистите

– Дваесет и пет десничарски екстремисти од таканареченото „Граѓанско движење на Рајхот“ се уапсени во Германија, изјави денеска портпаролот на федералното обвинителство.

Полицајците спроведуваат рации во 11 од 16-те сојузни покраини во Германија, како дел од големата операција против екстремистите, додаде портпаролот.

Членовите на движењето не го прифаќаат легитимитетот на германската држава. Тие често одбиваат да плаќаат даноци и собираат нелегално оружје.

Движењето е составено од помали групи со називи како „Конфедерација на германскиот Рајх“ или „Кралство Германија“.

Германската разузнавачка агенција проценува дека движењето има околу 21.000 приврзаници.


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.