Во Скопје и Куманово имало најмногу дожд, следат нови врнежи

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово – 36 литри на метар квадратен и во Скопје -Петровец 34 литри на метар квадратен. Најмалку дожд наврнал во Берово, два литра на метар квадратен.
По четири литри на метар квадратен наврнале во Штип, Струмица, Виница, Гевгелија, пет во Прилеп, шест во Ѓуриште, Тополчани, Демир Капија, Крива Паланка, седум во Претор, Дојран, девет во Охрид, десет во Битола, Крушево, 12 во Пожаране, 13 во Тетово и Лазарополе, 15 во Дебар, 22 во Маврово и 27 литри на метар квадратен во Скопје-Зајчев Рид.
Времето денеска, како што информираат од УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Нови врнежи се очекуваат во попладневните часови кога ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а се уште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Максимална температура ќе биде од 19 до 28 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.