недела, 15 ноември 2026
Најново

Во следните десет дена ќе се види дали ќе има воена акција против Иран, кажа Трамп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доналд Трамп кажа дека светот во следните десет дена ќе види дали САД ќе склучат договор со Иран или ќе преземат воена акција.

„Имаме доста работа за да постигнеме договор со Исламската Република за нејзината нуклеарна програма и можеби ќе мора да одиме и чекор подалеку“, рече Трамп.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во изминатиот период, САД го зголемија своето воено присуство на Блиски Исток, испраќајќи воени бродови и борбени авиони, додека истовремено одржаа две рудни разговори со Иран. Демократските пратеници и некои републикански се спротивставија на воена акција против Иран без одобрение од Конгресот.

„Виткоф и Кушнер имаа многу добри состаноци со Иран. Низ годините стана јасно дека не е лесно да се постигне значаен договор со Иран“, рече Трамп.

Белата куќа вчера го предупреди Иран дека би му било мудро да склучи договор со САД, додека тамошните медиуми објавија дека американската војска уште викендов ќе биде спремна да нападне, за што Трамп досега не донел конечна одлука. Сателитските снимки покажаа дека Иран утврдува воени локации.

„Војната со Иран би била катастрофална. Иран е комплексно општество од 90 милиони луѓе со значителни воени капацитети. Илјадници американски војници во регионот би можеле да бидат изложени на ризик од одмазда“, кажа демократскиот конгресмен Ро Кана.

Поврзани вести