Во Србија се воведува доживотна казна затвор

Професорот Станко Бејатовиќ, кој е и претседател на Српското здружение за кривичнопоправна теорија и пракса, и член на работната група за измени на Кривичниот закон за “Политика“ изјави дека Србија ќе воведе доживотен затвор со можност за условно пуштање после 25 години.
“Условното пуштање ќе биде можност, а не обврска. Тоа е меѓународен стандард”, додаде професорот Бејатовиќ.
Секој осуденик на доживотен затвор по 25 години поминати зад решетки ќе може да напише молба, а судот ќе одлучи дали ќе биде и пуштен на слобода под услов да не го повтори кривичното дело. Воведувањето доживотен затвор е резултат на потребата од построга казна кога се работи за извршители на најтешки кривични дела, меѓу кои и убиства на деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.