четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во стравичната сообраќајка кај Драчево загинал поранешен полицаец и целото негово семејство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цело семејство настрадало во тешката сообраќајна несреќа која во доцните часови се случи кај бензиската пумпа „Лукоил“ на влезот во Драчево, пренесува „Магазин“. Според неофицијалните информации на порталот, во сообраќајката настрадал поранешен полицаец од ПС Драчево.
Инаку, до несреќата дошло кога автомобил „Рено 5 кампус“ се судрил со камион за собирање на ѓубре. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.


Полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата.
Повеќе детали од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден.

Поврзани вести