Во сообраќајната несреќа која вчера се случи во близина на Врање, животот го загуби 25-годишен македонски државјанин, пренесуваат српските медиуми.
Според досегашните информации, момчето и неговите пријатели биле во кафеана во Врање и си тргнале кон Македонија. Но, набрзо им текнало дека заборавиле мобилен телефон во кафеаната, по што решиле да се вратат назад кон Врање.
Тогаш со автомобилот удриле во насип покрај патот, при што 25-годишното момче загинало, а останатите патници се повредени.
Пронајдете не на следниве мрежи: