четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во Тирана уапсени дилери на дрога и оружје од Косово во Албанија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во акција на албанската полиција против шверц на оружје и дрога од Косово во Албанија, во Тирана уапси се десетмина осомничени, а по двајца се трага, јавија медиумите од Албанија.

Во рамки на акцијата под кодно име „Сложувалка“, запленети се 14 парчиња огнено оружје и тоа: 12 пиштоли, од кои еден со пригушувач и две автоматски пушки, 2077 семки канабис, муниција, три возила и 8 мобилни телефони.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Акцијата следела по повеќемесечна истрага од која биле добиени сознанија, за вклученост на повеќе лица во трговија со огнено оружје од Косово, со цел продажба, главно, во Тирана.

Во неколку наврати албанската гранична полиција спречи шверц на оружје и муниција на албанско – македонската и албанско – грчката граница.

Поврзани вести