Во Тихиот Океан се запали брод што превезувал автомобили

Едно лице се води како исчезнато при пожар на товарен брод, што избувнал за време на пловидбата низ водите на Тихиот Океан.
Останатите 16 членови на екипажот на бродот „Серенити Ејс“, што превезувал автомобили од Јапонија до Хаваите, се спасени. Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.
Бродот, кој е сопственост на јапонската компанија „Шоеј Кисен Каиша“, пловел под знаме на Панама.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.