ВО ТОЛПАТА ЖЕНИ ВО ЦРНо СИТЕ ОЧИ БЕА САМО КОН НЕА: „За мене таа беше кралица на светот“

Кралицата Ранија и нејзиниот сопруг кралот Абдула синоќа дојдоа во Бакингемската палата за да и оддадат почит на починатата кралица.

ВО ТОЛПАТА ЖЕНИ ВО ЦРНо СИТЕ ОЧИ БЕА САМО КОН НЕА: „За мене таа беше кралица на светот“

Синоќа бројни светски претставници и членови на најпознатите кралски семејства се собраа во Лондон во Бакингемската палата за да и оддадат почит на покојната кралица Елизабета Втора.

Првите дами, кралиците и благородниците го следеа протоколот појавувајќи се во црно, но и покрај немањето многу простор за експериментирање, некои жени сепак успеаја да се истакнат со својот стил.

Убавата јорданска кралица Ранија се појави на приемот во придружба на нејзиниот сопруг – кралот Абдула, а нејзиниот изглед беше невозможно да не се забележи, дури и во маса црна облека наменета да изрази тага и почит кон починатиот.

Имено, убавата 50-годишна Ранија се одлучи за тесен фустан од британската дизајнерка Алесандра Рич, чии парчиња често ги избира Кејт Мидлтон. Фустанот доаѓа во миди должина, но има асиметричен крој и е украсен со кристални копчиња, и набори во пределот на половината кои ја истакнаа витката линија и тенкиот струк на Ранија.

Изданието кралицата го комплетираше со сатенски чевли од брендот Manolo Blahnik со украсна тока, како и соодветна клач чанта, па успеа и овој пат да биде во центарот на вниманието.

ВО ТОЛПАТА ЖЕНИ ВО ЦРНо СИТЕ ОЧИ БЕА САМО КОН НЕА: „За мене таа беше кралица на светот“

И кралицата Ранија вчера даде интервју за телевизиската куќа ITV, зборувајќи за блиските односи кои јорданското кралско семејство ги имало со кралицата Елизабета Втора. За таа прилика избрала едноставен црн костум со интересен детал во пределот на вратот.

Претходно таа истакна дека Елизабета не ја гледа само како англиска кралица, туку на некој начин и како кралица на сите нас. „За мене таа беше кралица на светот“, коментира во интервјуто таа.

„Нејзината елеганција не беше само во начинот на кој изгледаше, туку беше и во начинот на кој живееше и се однесуваше со другите луѓе. Таа можеше секого да разоружа бидејќи знаеше дека сите ќе почувствуваат малку стравопочит и паника кога ќе се сретнат со неа“, додаде кралицата на Јордан. и истакна дека Елизабет била многу емпатична.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.