Во три експлозии во Багдад 11 загинати

Најмалку 11 лица загинаа во понеделникот во три одвоени експлозии во ирачката престолнина Багдад, пренесува Reuters повикувајќи се на полициски и болнички извори.Две автомобили бомби експлодирала во близина на полициски контролен пункт на влез во шиитскиот кварт Хусаинија во северниот дел од Багдад, при што загинале полицаец и седум цивили.Третата бомба експлодирала во близина на ресторан во кој се хранат ирачките полицајци во јужниот кварт Дора и притоа загинале три цивила. Вкупно се ранети 33 лица.Засега не е познато кој стои зад овој терористички напад. Сунитите уште од ланскиот декември протестираат против ирачката влада во којашто доминираат шиитите, обвинувајќи ги за маргиналзиација на сунитските муслимани. Меѓутоа радикалните сунитски групи, исто така, во повеќе наврати за време на шиитските верски празници извршија повеќе масивни смртоносни напади врз шиитите.Во насилството во Ирак во април загинале 712 луѓе и 1,633 ранет, и тоа е најсмртоносниот месец во последните пет години од јуни 2008 година, соопштија во петокот Мисијата за помош на Ирак при Обединетите нации (UNAMI) кои предупредуваат дека секташкото насилство може да предизвика граѓанска војна, на чиј раб беше земјата во 2006 година, слична на онаа во соседна Сирија.Новиот бран насилства во Ирак започна на 23-ти април кога безбедносните сили се судрија со милитантите и сунитските антивладини демонстранти, во неколку градови како Рамади и Хавиџа во близина на Киркук.Најновите напади во Ирак се поврзани со големата историска нетрпеливост меѓу двете најголеми верски заедници во земјата, шиитите и сунитите. Екстремистичките групи во Ирак ги засилија нападите минатите седмици за да ја дестабилизираат власта на премиерот Нури ал-Малики, во време на одржувањето на кампањата за локалните избори што се одржаа минатата недела, први по заминувањето на американските сили од земјата. Неговата влада влезе во жесток судир со милитантите, особено по подобрувањето на односите меѓу Багдад и Техеран каде што мнозинство, исто така, се шиитските муслимани, а Малики зазема неутрален став и во однос на граѓанската војна во соседна Сирија каде што сунитските опозициски бунтовници две години се борат да го соборат од власта претседателот Башар ал-Асад кој е припадник на малцинските алавити (органок на шиитскиот ислам).Некои групи од сунитите, коишто во времето на диктаторот Садам Хусеин ја држеа власта, коишто на државно ниво се малцинство со 33 отсто наспроти 66 проценти шиити, се блиски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и вршат напади врз припадници на шиитското мнозинство, врз ирачките безбедносни сили, како и врз сунитските прозападни политичари.
МакфаксНајмалку 11 лица загинаа во понеделникот во три одвоени експлозии во ирачката престолнина Багдад, пренесува Reuters по

Пронајдете не на следниве мрежи: