Во хеликоптерот на сопственикот на “Лестер“ најверојатно бил и тајландскиот милијардер

Веднаш по натпреварот меѓу фудбалскиот тим “Лестер“ и тимот на “Вест Хем“ се урна хеликоптерот на сопственикот на фудбалскиот тим “Лестер“. Како што пренесуваат светските медиуми хеликоптерот се урнал на паркингот на стадионот „Кинг Пауер“. Според неофицијални информации, во леталото бил и тајландскиот милијардер, Вичаи Шриваданапраба.
На местото на несреќата има голем пожар, а со оглед дека инцидентот се случил веднаш по натпреварот, на стадионот се уште беа присутни навивачи. Како што изјавил очевидец, тешко дека некој ја преживеал несреќата, затоа што хеликоптерот веднаш по падот се запалил.
Детали за инцидентот и за бројот на жртвите властите најавија за подоцна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.